СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли
Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли, граѓаните ги препознаваат лажните вести.
Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести.
Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.
Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина.
Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.
Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации.
Ново на Сител
-
Фокусот е на решение за името, а не на роковите, вели премиерот Заев
-
Погребан наркодилерот кој беше застрелан во кафеана, во друштво со српската старлета, 1000 пријатели го испратија на вечно почивалиште
-
Нигериец кој голтнал килограм кокаин уапсен на аеродромот во Атина
-
Владината доминантна улога во економијата создава можности за корупција, нотира извештајот на Стејт департментот
-
Силен земјотрес го погоди популарното летувалиште на Халкидики
-
Стејт департмент: Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“
-
Недостиг на судска независност, тортура и мешање во приватноста, нотира извештајот на Стејт департментот
-
Се уредува гостиварската „Дупка“, еве зошто се вика така оваа населба