СДСМ: Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли
Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли, граѓаните ги препознаваат лажните вести.
Информациите објавени во одредени медиуми за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести.
Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.
Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина.
Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.
Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење