СДСМ: Не е само Ленин, Мицкоски е тој кој треба да ја повлече блокадата на Скопје
Повлекувањето на Ленин Јованоски ниту ќе стави крај на блокадите, ниту пак ќе го испере ВМРО-ДПМНЕ за одговорноста за блокадите на Скопје и отежнатиот живот на неговите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да го менува лицето во јавноста, Ленин Јовановски, да го замени со нов Ленин, но на сите им е јасно дека зад оваа блокада стои еден ист систем една иста матрица на функционирање која само знае да блокира и да уценува.
ХристијанМицкоски е главниот инспиратор и режисер на хаосот што му се случува на главниот град.
Сите виновници за блокадите се посредно или непосредно поврзани до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и оттаму, единствено Мицкоски и со Ленин и без Ленин, е тој кој може да стави крај на тортурата што им ја врши на скопјани.
Мицкоски треба да се покрие од срам за сето она што му го прави на сопствениот град, на своите сограѓани.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети