СДСМ: Мирен транфер на власта и доделување на мандатот за составување влада
СДСМ во денешното соопштение апелира да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта и претседателот Ѓорге Иванов да постапи согласно Уставот и да го додели мандатот за составување нова влада.
- Формирањето нова влада и спроведувањето на реформските приоритети е врвен државен интерес и секое постапување против државните интереси е кривично дело казниво со закон. Апелираме до сите да постапуваат разумно и законски, за да се овозможи мирен и сигурен трансфер на власта, наведува СДСМ.
Во соопштението се додава дека граѓаните го очекуваат формирањето на новата влада за конечно, како што се вели, да почнат промените за добар и достоинствен живот за сите.
- Тоа што новата влада ќе пристапи кон зголемување на минималната плата, ќе биде укината радиодифузната такса, ќе биде воведена дневната евтина тарифа на струјата и цел викенд евтина струја се само некои од првите мерки од коишто граѓаните ќе почувствуваат олеснување во семејните буџети, стои во соопштението.
Од СДСМ посочуваат дека новата влада е неопходна и поради евроинтеграциските процеси на земјата, која долго била блокирана и изолирана поради, како што се вели, криминалните интереси на Никола Груевски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Приведен газдата на депонијата во Визбегово, еден пожарникар повреден при интервенцијата
-
„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
-
Лишен од слобода возач во Демир Хисар со 1.58 промили алкохол во крвта
-
Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
-
Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
-
Латинопули: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како тие во Скопје!“
-
Словенечката пратеничка Ирена Јовева во ЕП до бугарските колеги: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија