-->
-->
СДСМ: Милијарда евра помош за економијата преку трите сета мерки на Владата
-->
Владата предводена од СДСМ, преку трите сета мерки со вкупна вредност од милијарда евра или 10% од БДП, ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот.Мерките имаат за цел да им помогнат на што повеќе граѓани, да сочуваат што повеќе работни места, да ги поддржат компаниите, но и да постават темели за трансформација на економијата.
Вкупната вредност на мерките од третиот сет мерките ќе изнесува околу 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730,000 корисници.
За мерката „14.500 денари по вработен“, се поднесени 23.861 барања, а до 14ти мај, се исплатени преку 14,3 милиони евра на 10.103 фирми.
Во целост е реализирана и првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1″, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени. Најголем дел – 77% од бескаматните кредити се за микро компании, 51% се од угостителтвото, а 43% од областа на транспортот.
Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации.
Економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
Се работи за долгорочен сет на мерки во кои се опфатени сите индустрии и граѓани погодени од кризата со коронавирусот а кои ќе овозможат модернизација, трансформација и конкурентност на македонската економија.
СДСМ како и досега, продолжува со одговорно и конструктивно делување за полесно надминување на последиците предизвикани од коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
