СДСМ: Мицковски мора да одговори што било договорено на средбата со Груевски

Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, што јавно, токму пионот Мицкоски ја потврди во телевизиско интервју.
Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за „неговата иднина“ и „личните моменти“?
Молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека антизападниот пион Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаеле или се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Никола Груевски.
Мицкоски должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период.
Надлежните институции мора да отворат истрага за бегството на криминалецот Груевски и сите соучесници мора да бидат пронајдени и санкционирани, стои во соопштението испратено од СДСМ
Ново на Сител
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
-

Сончево време со умерена облачност
