Македонија
8. April 2023 - 15:26

СДСМ: Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ и тоа е јасно

Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица.

Едноставно Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ. 

СДСМ нема да се откаже од европската иднина.  На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокирата европскиот пат на земјата.

Деструктивниот потпалувачки наратив на Левица и ВМРО-ДПМНЕ е под секое ниво и не е добар за општеството и повторно ќе биде поразен. 

СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и ќе ги разобличиме и овие промашени пропаганди на Левица и Апасиев.

 
Центар за комуникации со јавноста СДСМ