СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници на македонските национални интереси
Додека Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како рамноправна и полноправна земја членка, додека преку сите канали се прават дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на националните интереси.
Исплашени од нов успех на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, кочат и блокираат се што е во интерес на иднината на државата и граѓаните.
Фрустрирани од напредокот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират невистини за наводно загрозување на идентитетот со што отворено работат против најважните национални и државни интереси.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата