СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, Референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее
Христијан Мицкоски е против ЕУ, тоа е кристално јасно, обвини СДСМ.
Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо. Истиот тој Мицкоски беше и против преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува преспанскиот договор. Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.
Референдумот на Мицкоски нема поддршка од граѓаните, од опозициските партии и нема да успее. Мицкоски не може да го спречи европскиот пат на земјата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола