СДСМ: Мицкоски е лицемер и лажго, такво е и барањето второто полугодие да биде онлајн
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно.
Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.
Задрвјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото.
Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави.
Предгала наставата да биде онлај а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките.
Предлага Собранието да има 90 пратеници а неговата ВМРО-ДПМНЕ постојано го блокира македонскиот парламент.
Предлага една изборна единица а ВМРО-ДПМНЕ со години го блокираше Законот во Собранието, на штета на помалите партии.
Тоа е Христијан Мицкоски, најголем лицемер и лажго.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци