Македонија
30. January 2022 - 13:42

СДСМ: Мицкоски е лицемер и лажго, такво е и барањето второто полугодие да биде онлајн

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ второто полугодие наставата да продолжи онлајн, без физичко присуство е лицемерно, неискрено и лажно.

Одлуката за наставата да продолжи со физичко присуство е донесена врз основа на мислењето на стручните лица, на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.

Задрвјето на учениците е заштитено со спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство, а тоа се покажа и во минатото.

Лицемерието на Мицкоски нема граници, едно зборува а друго прави.

Предгала наставата да биде онлај а Мицкоски седи во кафани и ги прекршува мерките.

Предлага Собранието да има 90 пратеници а неговата ВМРО-ДПМНЕ постојано го блокира македонскиот парламент.

Предлага една изборна единица а ВМРО-ДПМНЕ со години го блокираше Законот во Собранието, на штета на помалите партии.

Тоа е Христијан Мицкоски, најголем лицемер и лажго.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ