СДСМ: Македонија оди напред и деструктивното ВМРО-ДПМНЕ не може да ја запре
На темната страна на историјата е криминалното владеење на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот оној Груевски на кого советник му беше токму Христијан Мицкоски.
Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, побелби и изолација.
Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика одговорност.
Мицкоски требаше да покаже „како се сака татковината“ со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина.
Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.
Тоа е огромна разлика.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра