СДСМ: Македонија доби место во НАТО, обезбедена светла и сигурна иднина за граѓаните и државата
Македонија го доби своето место во НАТО, обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата
Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, Македонија доби свое место во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.
Од земја во долгогодишна изолација и неизвесност, Македонија денес е на иста маса, рамо до рамо со државите од демократскиот свет.
Потпишувањето на Протоколот е потврда за успешната меѓународна политика, признание за вложениот труд во реформите, визионерството во решавањето на отворените прашања со соседите и градењето пријателски однос со демократскиот свет.
Интеграцијата во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но и огромни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.
Обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата.
Успехот на Македонија е успех на сите граѓани и најголем пораз за сите деструкции, на сите обиди да се спречи напредокот на земјава кон НАТО, да се блокираат процесите кои не водат напред, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот