-->
-->
СДСМ: Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието да го продолжи европскиот пат
-->

Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ и чиста формулација, односно македонскиот јазик во Унијата.
Македонски јазик без фусности, без додавки ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата а на македонски јазик ќе биде преведено и законодавството на ЕУ. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Тоа значи затворање на сите идентитетски прашања и обезбеден македонски идентитет.
Ова е остварување на уште една стратешка цел – започнување преговори и членство во ЕУ, како Македонци со македонски јазик.
Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.
Време е за одлука. Преку усвојување соодветни заклучоци, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара.
Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес за Собранието да го продолжи европскиот пат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
