СДСМ: Ќе има поддршка и за домашните и за странските инвестиции
ВМРО-ДПМНЕ ги занемаруваше потребите на компаниите. Ќе има поддршка и за домашните и за странските инвестиции, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се наведува дека децениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ нанело огромни штети врз економијата и оставило околу 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата, додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ екстремно се богатеше.
- Резултатите од политиките на привлекување странски инвестиции на претходната Влада беа поразителни. Скапо платените економски промотори освен што трошеа пари на граѓаните за нивни и прошетки на нивните блиски низ светот, не ги постигнаа очекуваните резултати. Доказ за тоа се и бројните наводни индустриски зони што и денес се само празни и оградени ливади, како и фактот дека Македонија со години наназад е една од земјите со најмалку странски инвестиции во регионот, стои во соопштението од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ги трошеше парите на граѓаните на лажен барок, криминални тендери и скапо платени советници, занемарувајќи ги потребите на граѓаните и компаниите.
Ново на Сител
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил