СДСМ: Ќе има и нова влада и локални избори
СДСМ во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека ќе има и нова влада и локални избори и оти нема да дозволат парализање на државата.
Според СДСМ, на потег е Ѓорге Иванов кој, како што стои во соопштението, мора да се огради од деструктивните политики на Никола Груевски и да го додели мандатот за состав на новата Влада што ќе отвори пат и за локалните избори. Ова е врвен државен и граѓански интерес и сите имаат обврска да се водат од него, се вели во реакцијата.
Да беше досега формирана новата влада, наведува СДСМ, немаше да има потреба од одложување на локалните избори. Неразумните блокади од ВМРО-ДПМНЕ веќе ги оставија граѓаните од утре без градоначалници и советници, вработените во општинските установи без плати, луѓето без потребните општински услуги. Очигледно целта е уште позагрижувачка, хаосот по повеќемесечната блокада за формирање на новата Влада, да се преслика и на локално ниво, што ќе ја парализира целата држава. Тоа нема да го дозволиме, истакнува СДСМ.
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста