-->
-->
СДСМ ќе го одржи 25. Конгрес, прв дигитален
-->

Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки.
Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници.
Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.
Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од Конгресот во живо и да преземат видео материјал со висока резолуција (HD) доколку имаат потреба за тоа, со обезбден превод на три јазици (Македонски, албански и англиски јазик). За пренос во живо на првиот дигителен Конгрес на СДСМ и преземање на видео материјал медиумите ќе може да ги користат следните линкови: на македонски јазик: https://youtu.be/uWgxIHylWy4, на албански јазик: https://youtu.be/l2uOnJ6ZZMA и на англиски јазик: https://youtu.be/y_C1YB_Bxuk
Директни линкови ќе бидат на располагање и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk )
По завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги презентира донесените одлуки. Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
