СДСМ: Извештајот на „Фридом Хаус“ силна потврда за успешните политики на Владата
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев реализира политики во поглед на унапредување на човековите права и слободи и демократскиот амбиент кои континуирано се препознавани од значајни меѓународни организации.
Извештајот на „Фридом Хаус“ кој нотира дека Република Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,77 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес е последна силна потврда за тоа.
„Фридом хаус“ потенцира дека токму Република Македонија е единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан. Нашиот напредок е втор најдобар резултат во Европа, од вкупно 29 земји кои се предмет на анализа во извештајот.
Извештајот нотира и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанса да донесе уште демократски придобивки“.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, во извештајот „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот, добива силни меѓународни признанија за одговорно и транспарентно работење.
Овие меѓународни признанија се вистинска потврда дека чекориме по вистинскиот пат и истовремено се дополнителен мотив за институциите за уште поголема демократизација на општеството, уште поголема транспарентност, но и уште позасилена борба против корупцијата.
Како прогресивна и одговорна партија продолжуваме да креираме и реализираме мерки и политики што значат развој, напредок и интеграција на државата во секој поглед.
Ново на Сител
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово