СДСМ: Изборите помина во мирна и демократска атмосфера
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва оцени дека изборниот ден поминал во мирна, демократска и достоинствена атмосфера, а граѓаните гласале слободно и без пристисоци.
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски на прес-конференција по затворањето на гласачките места изрази очекување дека сите учесници на изборите, без разлика на изборниот резултат, со своето однесување ќе придонесат да се задржи фер и демократската атмосфера докрај.
- Уверен сум дека резултатите ќе ја потврдат одлуката на граѓаните за сериозни промени во земјата кои водат кон живот во Македонија. Вечерва победува Република Македонија и нејзините граѓани, рече Кирацовски.
Најави дека прелиминарните резултати ќе ги објавуваат сукцесивно.
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со шпекулации дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае изборните резултати, Кирацовски истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ имала какви било индиции требало досега да ги соопшти.
- Република Македонија по една деценија имаше фер, регуларни и демократски избори. Ако ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски имале било какви индиции досега, требало да ги соопштат, а за нивната евентуална одлука дали ќе ги признаат изборите, оставаме на нив, нагласи Кирацовски.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот