СДСМ: Избори во првиот можен термин, ВМРО-ДПМНЕ вештачки се обидува да создаде криза
Избори во првиот можен термин сега кога епидемијата е ставена под контрола, ВМРО-ДПМНЕ вештачки се обидува да создаде криза
СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант за силна демократија.
Токму затоа предвремените парламентарни избори, кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи, бидејќи сите параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола.
Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.
ДИК по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
СДСМ нема да дозволи пропаднатиот спортист и политичар Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.
Пропаднатиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.
Нивното деструктивно и неодговорно оденсување може да им гарантира само изборен пораз.
Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава
Ново на Сител
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
