Македонија
11. December 2016 - 20:01

СДСМ: Граѓаните покажаа дека ја сакаат Македонија

СДСМ изрази благодарност на граѓаните за големата излезност денеска на предвремените парламентарни избори.

- Граѓаните на Македонија покажаа дека ја сакаат Македонија, дека сакаат промени и дека сакаат живот во Македонија, рече Дамјан Манчевски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ, вечерва во седиштето на партијата по завршување на гласањето на предвремените парламентарни избори.

Тој додаде дека се констатирани и одредени неправилности, но тие, како што рече, не се доволни за граѓаните во Македонија слободно да можат да ја изразат својата волја.