Македонија
2. October 2016 - 16:45
СДСМ го одржува20 конгрес – План за Македонија
Подобра патна инфраструктура, изградба на нови и реконструкција на постоечките училишта, нови градинки, подобар статус на земјоделците, зголемување на минималната плата. Ова се дел од проектите кои ја сочинуваат програмата на СДСМ за претстојните избори, презентирана од претседателот на партијата Зоран Заев.
Поддршка на СДСМ на претстојните избори и дадоа претставниците на европските социјалисти, Ричард Ховит, Кен Хорстет и Џакомо Филибек.
На 20 конгрес на партијата присуствуваат повеќе од 500 делегати како и поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. По завршување на работниот дел на Конгресот првиот човек на опозицијата ќе ги презентира заклучоците и одлуките на делегатите.
-->
-->