СДСМ: Фронтекс е веќе активен, ЕУ е заштитник на границите и гарантор на идентитетот
Во нашата држава започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.
Договорот со ФРОНТЕКСе прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ.
Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.
Реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет.
Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја - фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.
Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот.
Сето тоа за нас како партија е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребни реформи и услогласување на македонското законодавство со европското, за побрзо завршување на преговорите со ЕУ.
СДСМ продолжува да биде дел од секој државен и национален успех, заедно со граѓаните ги реализираме стратешките цели.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја