СДСМ: Филипче работи за граѓаните и се бори против пандемијата
Цело време од почеток на ковид пандемијата па до денеска Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на погрешната страна, седат на страна, шират невистини и плукаат.
Додека Филипче, заедно со сите здравствените работници се бореше да обезбеди маски, заштитни, тестови Мицкоски јавно излажа дека нема доволно тестови, дека немало доволно заштитна опрема.
Додека Мицкоски кршеше мерки, одеше кришум по кафеани и теретани, додека ВМРО-ДПМНЕ организираше јавни собири здравствените работници деноноќно се бореа против коронавирусот.
ВМРО-ДПМНЕ дури и си поигруваа и се потсмеваа со судбините на починатите и заболените.
„Дај боже повеќе да се разболат”
„Вирусот не е опасен“
„Маски воопшто не се потребни“
„Нема да има есенски бран“
Ова е односот на ДПМНЕ кон граѓаните и вирусот.
Оттука, единствено кога се зборува за однесувањето на Мицкоски може да се каже дека тоа се епски глупости.
И покрај глобалните предизвици и покрај тоа што сите земји во Европа се соочуваа со притисокот за набавка, а производителите за производство на вакцини, вакцините се обезбедени, имунизацијата како последен чекор во борбата против коронавирусот, започнува наскоро, колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија