Македонија
9. November 2017 - 18:11

СДСМ: Државната администрација работи во интерес на граѓаните

За време на криминалното, неодгвоорно и расипничко владеење, ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата партизација на државната администрација, претворајќи ги државните институции и министерства во свои штабови.

Заврши времето на ВМРО-МВРО и партизирани државни институции.

Новата реформска влада предводена од СДСМ преку реформскиот процес ги професионализира и ослободува државните институции кои што сега работат во интерес на граѓаните и во заштита на законите, наместо во заштита на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.