СДСМ: Депонијата се расчистува ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто го одби предлогот на СДСМ за трајно решавање на проблемот
СДСМ во денешната реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со дивата депонија во Струга, бара партијата да објасни зошто го одбила нивниот предлог за трајно решавање на проблемот.
- Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. - Пожарот веќе е изгаснат, а ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од СДСМ, треба да престане со лицемерното однесување и како конструктивна опозиција, да се приклучи кон реформскиот процес што ќе донесе квалитетна животна средина, правда и живот за сите.
Ново на Сител
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите