СДСМ: Демократски процеси за реформи во интерес на граѓаните и државата

Демократските процеси незапирливо продолжуваат во насока на спроведување на реформите што се во интерес на граѓаните и државата и што ќе донесат правда, еднаквост и квалитетн живот за сите, соопшти СДСМ реагирајќи на повикот од ВМРО-ДПМНЕ новата Влада да почне да работи на реализација на ветувањата што им ги дала на граѓаните.
- Транспарентноста, отвореноста и демократскиот однос кон граѓаните и медиумската јавност што новата Влада ги покажува во своето работење, за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се мисловна именка. Граѓаните на Република Македонија после цели 11 години узурпиран државен систем и заробени институции, ги чувствуваат придобивките од демократското владеење на новата реформска Влада предводена од СДСМ, соопшти партијата.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и во опозиција покажува автократски режимски манири и затоа, пишува во соопштението, „бесрамно признаваат дека се против отворена дебата со граѓаните, невладините организации и целокупната јавност“.
- Чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од криминалното раководство предводено од Груевски, за да можат како опозиција совесно и конструктивно да делуваат во интерес на граѓаните и да се вклучат во реформските процеси за доброто на граѓаните и државата, пишува во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
