СДСМ: Данела Арсовска со лаги ја започна кандидатурата, со лаги тераше кампања, со лаги ја завршува

Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Нејзиниот обид да креира лажна слика околу себе пропадна.
Не е важно како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Македонија е татковина за сите.
Ваквиот неискрениот и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем.
Ако Данела лаже и го крие нејзиното бугарско државјанство, не може ниту да се замисли што се друго крие и лаже.
Вчера граѓаните сведочеа на нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска.
Не само Арсовска, туку целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство.
И нејзиниот сопруг, Ангел Арсовски има Удостоверение издадено во 2010 година, но и бугарска лична карта како и Данела.
Валидноста на објавените документи лесно се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерство за внатрешни работи на Република Бугарија.
Данела Арсовска со лаги ја започна кандидатурата, со лаги тераше кампања, со лаги ја завршува.
Се обиде да ги излаже скопјани со наводна независност, кога сите имаа можност да видат дека целото режимско ВМРО-ДПМНЕ стои зад неа.
Лагите кои ги пласираше пред граѓаните кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ отвораат многу сериозни прашања.
Очигледно е дека Арсовска е зависна од други држави, за мотиви и намери кои таа лично треба да им ги соопшти на граѓаните.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е иста како и нејзината партија.
Затоа, во недела на 31 октомври да се обединиме и да гласаме за напредокот, за број 12, за Петре Шилегов.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
-

Татко пријавил уцена врз малолетната ќерка со експлицитни слики од поранешен дечко
