СДСМ: Антидржавната ВМРО-ДПМНЕ реди порази, заглавена во деструкции и лажни вести
Антидржавната и антинародната ВМРО-ДПМНЕ на губитникот Христијан Мицкоски на својата листа порази додаде уште еден – неуспешната интерпелација за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.
Но, со неа потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ за наводно создавање на ново парламентарно мнозинство. Тие едвај успеаја да соберат 53 пратеници за интерпелацијата на Димитров.
Како што им пропадна интерпелацијата за Димитров, ќе пропаднат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.
Ни самите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во тие интерпелации затоа што потпишани се само 14 пратеници од пратеничката група, а меѓу нив не ниту Гордана Силјановска Давкова која ги најави интерпелациите.
Наместо да биде конструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации ја опструира работата на Собранието.
Граѓаните на шест последователни изборни соочувања се изјаснија дека им е доста од деструкциите и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа партијата од Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, уште долго ќе си остане во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Нападнат малолетник во Марино, настанот снимен со мобилен
-
Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
-
Меџити од Украина: Силно ја осудуваме руската агресија, бараме итно запирање на војната
-
26 годишен полицаец уапсен во Кисела Вода, пијан поминал на полна линија па се заканувал
-
Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје
-
Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува
-
22-годишна девојка киднапирана во Струга, утринава се појавила во скопска болница
-
43-годишен маж од Тетово се заканувал на наставник, оштетил и дел од инвентарот