Живот
24. July 2019 - 14:05

Сцена од Перу за која зборува целиот свет: Фудбалски судија прескокна 3 метри висока ограда за да спаси жива глава

Неверојатна сцена е видена на куп натпревар во Перу. Судијата мораше да бега преку ограда висока 3 метри, за да се спаси од ќотек.

Имено, на куп натпреварот меѓуѕ Сан Кристобал и Дефенсор Патимбе, главниот судија мораше да побегне од теренот за да го избегне линчот од незадоволните навивачи.

Бесни поради судиските одлуки, навивачите влетаа во теренот. Кога виде дека ѓаволот ја однел шегата, арбитарот почна да бега за да спаси жива глава...

Kurir sport