-->
-->
СБ на ОН на затворена седница ќе расправа за Кашмир
-->

Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане на затворена седница на која ќе се расправа за ситуацијата во Кашмир. На состанокот, свикан на барање на Пакистан и Кина, ќе се разговара за одлуката на Индија за укинување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир.
Одлуката од 5 август на Њу Делхи предизвика остра реакција од Исламабад, кој има територијални претензии кон областа.
Кашмир со децении е точка на конфликт во нуклеарните односи Индија-Пакистан. Со текот на годините, Советот за безбедност на ОН усвои неколку резолуции во врска со спорот меѓу двата соседа за хималајскиот регион.
Од 1949 година, ОН поддржува мисија на воени набудувачи да го следат зачувувањето на примирјето меѓу Индија и Пакистан во државата Џаму и Кашмир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
