СБ на ОН ги осуди нападите врз цркви во Египет

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди терористичките напади врз цркви во Египет, извршени за време на литургиите за празникот Цветници, јави ТАСС.
СБ ги означи нападите како „монструозни и ужасни“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, а исто така на народот и Владата на Египет.
Групацијата Исламска држава се закани дека ќе има уште напади врз египетските христијани, јави ДПА.
ИД соопшти дека нападите врз цркви во градовите Танта и Александрија биле извршени од напаѓачи самоубијци, кои носеле појаси со експлозиви.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изрази сочувство до египетскиот народ поради нападите.
- Огорчен сум и потресен поради тие напади во Египет и одлучно ги осудувам, изјави тој, изразувајќи им сочувство на оние, „кои тагуваат по загинатите пријатели и роднини“.
Џонсон вети дека Лондон ќе продолжи да го поддржува Каиро во борба против тероризмот.
Ново на Сител
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
-

Свежо утро со минусни температури, преку ден променливо облачно со сончеви периоди
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид, поставување камен темелник на катна гaража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“
-

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните
-

САД бараат директни преговори Израел–Либан во услови на кревко примирје
-

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот
-

Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија
