Саудискиот принц ја частел економската класа со своите соколи
Фотографија која ја направи член на екипажот на „Катар Ервејс“ привлече многу внимание на „Редит“, а потоа и во светските медиуми. Саудискиот принц смести 80 свои соколи во економската класа, меѓу патниците.
Во придружниот коментар на корисникот кој ја постави фотографијата, пишуваше: „Мојот пријател капетан ми го испрати ова...“.
Колку и да делува чудно, не е во прашање невообичаена пракса. „Катар Ервејс“ регуларно ја нуди таа услуга во економската класа.
Во правилникот на „Катар Ервејс“ постои поглавје кое се однесува токму на соколите. Тоа е наведено и на официјалниот сајт, на страницата која се однесува на животни и миленичиња: „Во кабината на економската класа можете да внесете еден сокол, а максимално шест птици може да претстојуваат во таа кабина (локалните прописи на трансфер земји се применуваат)“.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите