-->
-->
Саудиска Арабија понудила изградба на 200 џамии во Германија
-->
Еден од највлијателните германски весници „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) во својата анализа за причините зошто најбогатите арапски земји не примаат бегалци од Сирија наведува дека меѓу другите причини во прашање е и стравот од отворање дебата за човечки права и слободи.
Според весникот, кој пренесува вест од либанскиот весник „Ал Дијар“, пребогатата Саудиска Арабија не сака да прими на своја територија жртви на војните на Блискиот Исток но е подготвена да изгради џамии за нив на европско тло. Во информацијата се тврди дека за бегалците од Сирија и Ирак кои што пристигнуваат во Европа, Саудиска Арабија понудила да изгради 200 џамии само во Германија.
Според весникот Ал Хајат досега во пребогатата заливска земја од почетокот на војната во Сирија пред речиси пет години прибежиште нашле над 500 илјади Сиријци, но тие во земјата немаат статус на бегалци туку на работници. Само во Турција, Либан и Јордан во последниве четири години се згрижени над три милиони бегалци од Сририја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес