Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади

Саудиска Арабија од претпазливост го затвори својот нафтовод Исток-Запад, откако пријави напади врз стратешки важната линија, јави ДПА.
Саудиското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од Заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска Теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак.
Неколку лица биле повредени во нападот во регионите на Ријад и Медина во четвртокот, објави државната новинска агенција СПА, цитирајќи извор од Министерството за енергетика.
Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак.
Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери.
Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот.
Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак.
Централната команда на американската војска (CENTCOM) одби да го коментира извештајот.
Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.
МИА
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
