Сателитски снимки покажуваат присуство на кинески сили во Шенжен
На сателитски снимки направени со помош на системот „Максар ворлд вју“ се гледаат голем број оклопни и други возила во спортски комплекс во Шенжен, а западните медиуми наведуваат дека најверојатно станува збор за сили на кинеската „Народна полиција“.
На снимката се гледаат повеќе од 500 возила распоредени околу фудбалски стадион во спортскиот центар во Шенжен, а кинеските државни медиуми претходно соопштија дека воените вежби се планирани и не се поврзани со апсењата во Хонгконг, иако се организирани непосредно откако Владата во Пекинг соопшти дека протестите почнале да покажуваат „траги на тероризам“.
Некои медиуми пишуваат дека долги колони оклопни возила се движат кон југ и ги блокирале улиците на пограничниот град Шенжен.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавуваат многу видео снимки, од кои може да се заклучи дека Кина на границата со Хонгконг распоредува трупи на Народната полиција, паравоена формација опремена со тешко оружје.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска