Сасоли: Европскиот парламент очекува преговори со Северна Македонија и Албанија
Европскиот парламент очекува отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, истакна претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, на прес-конференцијата за Брегзит одговарајќи на новинарско прашање, јави дописникот на МИА од Брисел.
Прашан што значи Брегзит за политиката на проширување на ЕУ, претседателот Сасоли потсети дека пред неколку дена оствари средба со сите спикери на парламентите од земјите на Западниот Балкан.
– Се надеваме дека ќе можеме да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија, нашата позиција ви е добро позната. Потребно е да влеземе во дијалог, толку многу промени нѐ очекуваат, економски, социјални, безбедносни кои нѐ засегаат сите, и разговорите со претседателите беа многу значајни, изјави Сасоли.
Претседателот на европскиот пратенички дом упати порака и до евроскептиците во Британија, но и во Европската Унија.
– Има сили кои се обидуваат да ја ослабат ЕУ, која е нивната агенда? Ние сме најголемата економија на светот и сакаме да се воспостават правила затоа што правилата ни помагаат да ги заштитиме најранливите граѓани, без правила владее законот на џунглата, без правила најранливите ќе бидат притиснати од најсилните, а тоа не е Европската Унија, изјави Сасоли предизвикувајќи гласен аплауз во прес-салата.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне