Сашо Мијалков излегува од затвор

Сашо Мијалков в четврток излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело, одлучи Апелациониот суд во Скопје.
Како што соопштија денеска од Апелациониот суд Скопје, ова решение е по жалбата на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.
- Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Апелација.
Жалбата на Мијалков е на решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое Судот донесе одлука за условен отпуст на поранешниот шеф на УБК со која тој требаше да излезе од КПД Струга на 25 декември годинава, а условниот отпуст му се смета до 25 април 2025 година.
Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.
Ново на Сител
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
-

До сабота стабилно време, од понеделник дожд
-

Николоски: Да се најде решение за превозниците и да се овозможи слободен проток на стоките
-

Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
