Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи одговорност за заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ако се утврди дека тој ја застрелал мечката со која се фотографираше во декември.
- Доколку се потврдат овие тврдења, ќе барам одговорност и ќе биде под итно разрешен. Таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту имам намера да ги амнестирам, рече Мицкоски на новинарско прашање по присуството на божиќната литургија во Соборниот храм во Скопје.
Невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“ минатата недела објави дека заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, Сашо Дранго, се фотографирал со мечка и носи пушка со снајперски нишан, поради што тврдат дека ја застрелал во декември 2024 година.
Од „Анима Мунди“ посочија дека мечката е класифицирана како дивеч под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. Од невладината организација најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Дранго и очекуваат негово разрешување од функцијата.
По објавта на „Анима Мунди“, заменик директорот на Македонија пат во изјава за една национална телевизија кажа дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Дранго и вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Тој уверува и дека за инцидентот има записник и во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.
Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро