Сашко Николов му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на Иван Јорданов
Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и неговиот поранешен колега, Сашко Николов утринава оствариле средба во градоначалничкиот кабинет, без присуство на медиуми. Поранешниот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов на својот фејсбук профил објави „денеска со кафе и цеден сок, ја примопредадов функцијата градоначалник на општина Штип, на новиот градоначалник Иван Јорданов“.
–Општина Штип ја оставам во одлична финансиски ликвидна состојба на сметката на Општина Штип има 47.000.000 денари, на сметка на ЈП „Стипион“ има 4.100.000 денари и дополнителни 500.000 денари од паркинг наплата, додека на сметка на ЈП „Исар“ има 9.000.000 денари, вели Николов во својата фејсбук објава.
Посочи дека остава 22 проекти, со обезбедени финансии, со завршена јавна набавка и потпишани договори со изведувачи, каде се чека нивно започнување.
–Му посакувам успешна, чесна и пожртвувана работа на градоначалникот Иван Јорданов, каде сите граѓани на Општина Штип ќе бидат еднакви, порача Николов.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат