Џет-Сет
9. November 2017 - 9:49

Саша Ковачевиќ доживеал сообраќајна несреќа

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ доживеал сообраќајна несреќа, но неговите фанови немаат причина за паника.

Како што самиот изјавил за српските медиуми, го удрил скапоцениот автомобил, кој го купил минатата година. Со оглед на тоа дека не дал никакви други информации, најверојатно не се здобил со никакви други последици.

Целиот случај бил снимен од страна на камерата на една српска телевизиска емисија.