САСА ќе ги зголеми платите за 5.500 денари
Рудникот САСА одлучи да ги зголеми платите на вработените за 5.500 денари, соопшти денеска генералниот директор Нил Стивенсон.
Како што рече на прес конференцијата во седиштето на ССМ, покрај зголемувањето од 5.500 денари, во јануари 2019 година работниците ќе добијат уште едно покачување од пет отсто и уште пет отсто во јануари 2020 година, со што од сега до 1 јануари 2020 година платата ќе им биде зголемена за 30 отсто.
Зголемувањето од 5.500 денари е многу добра понуда со која нашите вработени би добивале плата поголема од 40.000 денари месечно. Но, преговарачите сметаат дека тоа не е доволно и имаат нереални барања за зголемување на плататат од 270 отсто, што е плата поголема од 2.000 евра месечно. Таква сума не можеме да исплаќаме зашто ќе влијае врз нашата оперативност, а веројатно и врз иднината на компанијата истакна Стивенсон.
Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), што преговараше за зголемување на платите, не ја отфрла понудата на САСА, но ќе ја разгледува на највиоско ниво, по што ќе одлучи дали ќе ја прифати.
- Задоволни сме од преговорите. Ова првпат се случува во Македонија некој да зголеми плата за 5.500 денари. Но, компанијата е многу добра со одличен менаџерски тим поради што и нашите барања се од таков обем, рече претседателот на МЕСО, Драги Јовановски.
Ново на Сител
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
