САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
– Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.
Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.
Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
-

Запален автомобилот кој го користел градоначалникот на Шутка
