Сари по поразот од Јунајтед: Не сме среќни со резултатот по доброто наше прво полувреме
Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека тимот одиграл добро прво полувреме во осминафиналето од ФА Купот против Манчестер јунајтед, но и покрај тоа е елиминиран.
-Денес не сме среќни, бидејќи имавме многу добро прво полувреме, а резултатот изнесуваше 0:2. Ние му дозволивме на противникот да создаде неколку шанси. Во второто полувреме, игравме обесхрабрувачки фудбал. Не беше лесно да се игра по првиот дел со таков резултат.
Се разбира, чувствувам притисок поради резултатите, а не поради нешто друго. Мораме да работиме, мораме да кажеме дека треба да дејствуваме поагресивно и решително и на сопствената половина и пред голот на противниците, изјави Сари.
Челзи загуби со 2:0, а стрелци на головите за Манчестер беа Ерера и Погба во 31. и 45. минута.
Противник на Јунајтед во четвртфиналето ќе му биде тимот на Вулвс.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд