Сари го впери својот прст кон играчите по поразот од Верона

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, беше лут на своите играчи по поразот од 1-2 од Верона. „Бјанконерите“ го презедоа водството во играта, но домаќинот направи комплетен пресврт.
Менторот не може да објасни зошто неговиот тим губи поени на таков елементарен начин.
– Тоа покажува дека нашите резултати и перформанси се различни дома и на гости. Беше тежок натпревар, но очекувавме вакво нешто. Верона создаваше проблеми уште од почетокот. Сепак, го издржавме притисокот, погодивме две греди и потоа постигнавме гол. Но, на крајот ја пропуштивме победата заради елементарни грешки. Првиот гол не смееше да се случи. Ако сакаме да победуваме, мора да престанеме да правиме грешки поради несериозно однесување. Верона заслужува пофалби за победата затоа што тие беа агресивни од почеток до крај. Знаевме дека треба да го издржиме притисокот во првите 25 минути и потоа да ги бараме нашите шанси. Го сторивме токму тоа, но потоа ја пропуштивме победата заради смешни грешки. Ова е навика од која мора да се ослободиме“, изјав Сари веднаш по мечот.
Не е прв пат Јуве да дозволи гол на десет минути по преземањето на водството.
– Во фудбалот, ставот и психата се најважната работа. Кога не сте психички настроени за натпреварот, и вашето тело нема да функционира правилно. Мора да разбереме дека победите не доаѓаат сами по себе. Треба да работиме понапорно, да се извалкаме и да не се потпираме само на нашето име. Верона заслужува огромни комплименти за нејзината игра во првиот половина час, но ние самите сме виновни за тоа што се случи во последниот половина час. Покажаа голем интензитет во нивната игра, а ние не, посочи стратегот.
Тој, исто така, навести дека фудбалерите биле размазане од осум последователни титули и веруваат дека Скудетото ќе биде освоено повторно без напори.
– Овој тим беше навикнат да победува без напор во последните години, но време е да се ослободиме од тој став. Не можеме да си дозволиме да изгубиме бодови толку елементарно. Се надевам дека ќе си ја научивме лекцијата од овој пораз затоа што веќе некое време зборуваме за тоа. Непријатно е што тимот тренира добро, но не може да го покаже целиот свој потенцијал за време на натпреварот. Треба да најдеме решение за овој проблем, заклучи менторот на „Старата дама“.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
