Македонија
6. January 2023 - 11:06

Сарамандов: Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат

Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат. Гевгелија покажа како се работи. И покрај наталожените проблеми, заборавените потреби на граѓаните и предизвиците во кои што ја втурнаа цела држава, покажавме дека со чесност и посветеност може да се решат многу проблеми, ова го изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

- Гевгелија добива нова атмосферска канализација во градот во должина од 6.500 метри, Негорци и Прдцејци добиваат нов водоснабдителен систем, реализирани се две нови мултифункционални спортски игралишта за младите и Младински дом во Прдејци, кажа Сарамандов.

Гевгелискиот градоначалник додаде дека во новата година се влегува со уште поголем ентузијазам и желба за надминување на заедничките проблеми.

- Годинава заедно го креиравме буџетот,  а со него бараме начин за исполнување на најголемото барање на младите гевгеличани, градски паркови со урбана опрема.  Годинава започнуваме и со изградба на Западен булевар во Гевгелија, доизградба на градинката „Сончогледи“ за што ќе бидат издвоени 11 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија, а 24 милиони денари се планирани за реконструкција на Младинските домови во Моин и во Богородица, буџет и за нов пазар во Миравци.  Во тек на реализација е и стационарот за бездомните животни и верувајте тука нема да застанеме, додава Сарамандов.