Сараевскиот ќебап заштитен како автохтон производ и бренд
Сараевскиот ќебап официјално е заштитен како автохтон бренд и посебен производ на Босна и Херцеговина. Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина Кариќ, на прес-конференција во градското собрание, најавувајќи дека наскоро ќе следи и заштита на сараевскиот сомун.
-Пред две години започнавме процес на заштита на ќебапот. Ќе продолжиме да работиме на заштита на автохтони домашни производи. Тој сега е заштитен како бренд и како посебен традиционален производ на БиХ, нагласи Кариќ.
Таа додаде дека после заштитата на ќебапите како бренд, следи и заштитата на ќебапите во ЕУ. – Можеме да објавиме дека по заштитата на ќебапите, ќе тргнеме во акција за заштита на сараевскиот сомун“, посочи Кариќ.
Според неа, Сараево се гордее со својата историја, олимпискиот дух, а секогаш е важна гастрономската понуда која привлекува голем број туристи. – Ако сте дошле во Сараево и не сте пробале ќебапи, не можете да го напуштите градот, додаде Кариќ, повикувајќи ги граѓаните вечер на дегустација на 3.000 ќебапи пред џамијата во Башчаршија.
Директорот на Агенцијата за безбедност на храна, Џемил Хајриќ, изјави дека денеска се одбележува „круна на напорите“ кои започнале пред неколку години и се однесуваат на усогласувањето на законодавството на БиХ со ЕУ.
-Процесот резултираше со тоа што Советот на министри на БиХ усвои правна рамка, која овозможи силно да се започне со обележување на географското потекло и традиционалниот углед на храната. Сараевскиот ќебап е осмиот производ кој ја помина процедурата и веројатно е еден од најзначајните, посочи Хајриќ
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе