Сараево под вода: Поплавени куќи и улици, се евакуираат луѓе | ВИДЕО
Од утрово пристигнуваат шокантни сцени од Сараево, кое е под вода поради обилните врнежи. Бројни реки во БиХ се излеаја, Миљачка се заканува да ги поплави улиците, Железница направи хаос во многу области, а од час во час пристигнуваат се повеќе информации.
Состојбата во Илиџа е хаотична. Неколку автомобили се целосно под вода, а модерниот комплекс Sarajevo Waves е поплавен.
Најлоша е состојбата во Отес, каде водата направила големи материјални штети и каде од утрово речиси целата населба нема струја.
Водата, предизвикана од излевањето на Железница, навлезе во многу станбени згради. Спасувачите во моментов го евакуираат населението од оваа населба. Со помош на противпожарни возила и чамци ги префрлаат луѓето на безбедни локации
Освен Отес, поплавени се и населбите Влаково, Бутмир и Доњи Которац, а вода има и на многу локални патишта во кантонот Сараево.
Извесен период снема струја во голем дел од градот. Нешто повеќе од половина час граѓаните немаа струја поради дефект на трафостаницата Рељево.
Ново на Сител
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа