Џет-Сет
24. јуни 2016 - 20:16

Сара Џесика Паркер ќе ја покаже забавната страна на разводот

Тоа нема да биде „Сексот и градот“, но Сара Џесика Паркер ќе настапи во нова сетија во која ја им главна улога.

Новата серија се вика „Развод“ и ќе се прикажува на популарната НБО.

Сара сега сподели и трејлер за серијата на Инстаграм, а по она што може да се виде ќе имаме можност да се насмееме без оглед на темата.

Главна машка улога ја има актерот Томас Хејд Чрч, а Џесика ја игра Франчез, жена која се обидува да го доведе својот живот во ред и да сврти нова страница.

Премиера на серијата е во есен, а со нетрпене се очекува враќањето на Сара на малите екрани.