„Санофи“ и „ГСК“ информираат за забавување на тестирањето на нивната вакцина
Француската фармацевтска корпорација „Санофи” и британската „ГСК” соопштија дека им треба дополнително време за истражување и тестирање за вакцината што ја развиваат како одговор на коронавирусот. Причината за тоа е слабиот имунолошки одговор кај постарите лица, се наведува во денеска објавеното соопштение од двете компании.
Привремените резултати од студијата во првата и втората фаза покажаа имунолошки одговор кај лицата од 18 до 49 години споредлив со оној кај пациентите оздравени од Ковид-19, но затоа има низок имунолошки одговор кај постарите лица, што веројатно се должи на недоволната концентрација на антигени.
Недоволниот имунолошки одговор кај постарите лица укажува на тоа дека треба да се специфицира концентрацијата на антигени потребни за високо ниво на имунолошки одговор во сите возрасни групи, се наведува во извештајот.
Според потпретседателот на „Санофи”, Томас Триумф, компанијата е решена да развие безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19. Експертите планираат во февруари да спроведат студија за фазата 2б, а доколку резултатите бидат позитивни, студијата за глобална трета фаза ќе може да почне во вториот квартал од 2021 година, соопшти компанијата.
Доколку испитувањата бидат успешни, потребните регулативи ќе бидат презентирани во третиот квартал, а самата вакцина ќе биде достапна во четвртиот квартал од следната година.
Претходно, компаниите планираа нивната заедничка вакцина да ја лансираат кон средината на 2021 година, а владите и ЕУ презедоа договорни обврски за нејзино купување.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата